Метафорички концепти на соматските фраземи со компонента СРЦЕ во македонскиот и во германскиот јазик
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/SS2222071sКлучни зборови:
соматски фраземи, срце, компаративна фразеологија, метафорички концептиАпстракт
Фразеологијата е рефлексија на менталитетот, културата, социјалниот развој и на начинот на кој говорителите на тој јазик го перцепираат светот. Особено значајно место во фразелогијата заземаат соматските фраземи кои можат да откријат каква улога и значење имаат називите за делови од телото во еден јазик. Овој текст е обид да се анализираат соматизмите со компонента срце во македонскиот и во германскиот јазик, со цел да се утврдат сличностите и разликите помеѓу двата јазика користејќи и дополнувајќи ги метафоричките концепти на Лејкоф и Џонсон (2004) кои го прошируваат концептот на метафора надвор од класичните реторички дефиниции и укажуваат дека секојдневните метафорички изрази обично сугерираат когнитивни обрасци.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2025 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Slavistički studii
Славистички студии