АРИСТОТЕЛОВИОТ КОНЦЕПТ PHRONESIS И ПСИХОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ЗА МУДРОСТА

Автори

  • Јасмина Поповска

Апстракт

Психолошките интересирања за мудроста ја бележат својата петта деценија на
интензивно истражување на оваа комплексна тема. Тие се одвиваат во неколку
поддисциплини на психологијата, како што се когнитивната, развојната и позитивната
психологија. Во текот на овој период, овие истражувања се изведуваат паралелно со
филозофските дискусии, без некои важни преклопувања, но со изразена концептуална
повеќезначност. Подемот на неоаристотеловската етика на доблеста, особено низ
призмата на аристотеловскиот концепт phronesis, како во филозофско-етичките дис-
кусии, така и во психологијата, отвора нови перспективи за конципирање на мудроста
во рамки на психолошката практика и психолошкото истражување.
Преку разработка на клучните филозофски концепти поврзани со мудроста (sophia
– теориска мудрост, phronesis – практичка мудрост, и deinotes – снаодливост), во овој
текст ќе биде направен обид да се покаже неодамнешната тенденција на приклону-
вање на психолошките истражувањата од концепт за мудроста кој главно се однесува
на теориската мудрост кон концепт кој ја дефинира мудроста во смисла на практичка
мудрост. Од аспект на ваквата анализа, ќе биде продискутирана можноста за плодот-
ворна соработка меѓу двете дисциплини

Референци

Преземања

Објавено

2024-09-16