ВРСКАТА ПОМЕЃУ КОГНИТИВНИОТ РАЗВОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ И НИВНАТА УПОТРЕБА НА ИКТ ВО ВОСПИТНО- ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Автори

  • Angela Ikonomoska Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Апстракт

Масовната дигитализација за време пандемијата предизвикана од корона
висрусот, го доведе денешното нормално живеење скоро незамисливо без користење
на технологијата. Согласно потребите на дигиталната ера, значително се зголеми
употребата на информациско-комуникациската технологија (ИКТ) во училиштата. ИКТ
во воспитно-образовниот процес претставува клучна компонента, која значително
влијае врз когнитивниот развој на учениците. Каде да биде сместена ИКТ во
педагошкиот процес и како тоа влијае врз когнитивните развојни способности на
учениците, се прашања кои немаат дефиниран одговор. Од тука, целта на нашиот
научен труд е насочена кон детално разгледување на односот помеѓу употребата на
ИКТ и когнитивниот развој на учениците. Претставена е теоретска рамка во која
се анализирани релевантни истражувачки наоди и прашања кои се однесуваат на
ИКТ компетенциите на учениците и нивното влијание врз когнитивниот развој.
Разгледувајќи ги компаративно сознанијата, ја согледавме конструктивната страна на
технологијата која влијае врз когнитивниот развој и учењето. Сето ова го истакнува
виталното значење на ИКТ компетенциите на учениците, кои влијаат на развојот
на когнитивните способности (перцепција, внимание, меморија, размислување,
имагинација). Согласно природата на истражуваната проблематика, која постојано
евалуира, неопходно е да ја истекнеме потребата од: соодветно и насочено користење
на ресурсите кои ни ги нуди технологијата, ставање акцент на правилното развивање
и надоградување на ИКТ компетенциите на учениците и наставниците, развој на нови
современи стратегии за саморегулација на дигиталната средина за учење, како и
стекнување на позитивни навики за постојано надоградување на сопствената личност.

Референци

Преземања

Објавено

2024-09-16