ТЕАТАРОТ НА САРА КЕЈН: ДЕЗИНТЕГРАЦИЈАТА НА ПСИХАТА КАКО ОДРАЗ НА ОПШТЕСТВЕНОТО НАСИЛСТВО

Автори

  • Деспина Ангеловска Факултетот за драмски уметности Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Клучни зборови:

Сара Кејн, театар, психологија, интимно и политичко суицидален субјект

Апстракт

Самоубиството на Сара Кејн (1971 – 1999), една од најзначајните современи драмски
автор(к)и, непосредно по завршувањето на 4.48 Психоза (1999), ќе ја предодреди
рецепцијата на пиесата како долго „проштално писмо на самоубиец“, на сметка на
уметничките и драмските квалитети, но и на општествено ангажираната димензија на
делото кое ги преиспитува политичките темели на дезинтеграцијата на себството на
крајот на 20-тиот век. Овој труд ги разгледува повеќекратните вредности на пиесата
на Кејн, која, од една страна, претставува интроспективно и интимно сведоштво за
страдањата предизвикани од депресијата, додека, од друга, критички ги преиспитува
причините за неа во современото општество. Пиесата се испишува и како акутна
критика на системот за грижа за менталното здравје во современата доба и ги
предочува слабостите на доминантниот психијатриски – медикаментозен – пристап
кон депресијата денес. Протагонистот на 4.48 Психоза ја одбива есенцијалистичката
дефиниција на патолошкиот самоубиствен идентитет што него го деполитизира,
како и препишаните лекови што го отапуваат, и се разоткрива пред сè како гневен и
побунет против насилството и неправдата што го проникнуваат светот. Во таа смисла,
овој труд ја нагласува длабоката политичка и ангажирана димензија на театарот на
Кејн. Во својот интердисциплинарен пристап статијата ја продолжува длабоката
испреплетеност на театарот и психологијата, особено во нивниот стремеж за подобро
разбирање на психата на ликот/поединецот, повикувајќи се на нивните современи
теориски концепти. Таа се надоврзува и на современите теориски промислувања за
раѓањето на депресивниот/самоубиствениот субјект во светлото на рефлексијата на
Мишел Фуко за биомоќта

Референци

Преземања

Објавено

2024-09-16