БЕЗВОЛИЕТО ВО УЧЕЊЕТО НА ЕВАГРИЈ ПОНТИСКИ
Клучни зборови:
Евагриј Понтиски, безволие, тага, гнев, душа, депресијаАпстракт
Во текстот е кратко изложено учењето на Евагриј Понтиски за безволието како една
од осумте зли (или страсни) мисли (logismoi). Даден е краток вовед во компонентите
на душата според Евагриј, за потем да се разгледа неговото разбирање на безволието.
Така, се опишани карактеристиките на оваа состојба (наречена „пладневен демон“),
преку објаснување на ставовите на Евагриј за сусцептибилноста на душата на
искушенијата, и преку наведување на симптоматологијата на безволието, не само како
психофизички туку и како духовен, егзистенцијален проблем. Понуден е поглед на
врската на безволието со другите зли мисли, со акцент на нејзината специфичност,
комплексност, долготрајност и влијанија. Спомената е сличноста со тагата, како и
механизмот на произведувањето на безволието како резултат на појавата и траењето
на тагата и на гневот во врска со заеднички објект. Даден е краток преглед на врската
на безволието и депресијата низ историски инстанци, без обид да се даде дефинитивен
одговор за нивните поклопувања и разлики, туку со надеж да се покаже еден пример
на психолошка концепција како дел од дамнешно теолошко и филозофско учење, за
да се покаже универзалноста на (разбирањето на) егзистенцијалните проблеми на
душата како подлога за интердисциплинарен пристап.