ОД УМ, СВЕСТ И САМОСВЕСТ ДО СОВЕСТ ВО 21 ВЕК
Клучни зборови:
ум, свест, совестАпстракт
Психологијата на умот и поведението, свесност за свест и самосвест до морална
свест и совест во 21. век, сѐ уште се главни теми и прашања за проучување во
психологијата. Умот е збир на ментални процеси и феномени, збир на чувства и
сензации, на когнитивни способности од кои настануваат состојбите на несвесно и
свесно, својствата на мозочната сложена мрежа од неврални активности. Свеста
е состојба на свесност, лична самосвест за нешто внатрешно и надворешно.
Универзалната свест е метафизичка суштина на сите битија и на оние што ќе бидат
во универзумот. Совеста е лично морално чувство, внатрешен компас за правилно и
неправилно. Низ илјадници години луѓето бараа одговори на сѐ уште неодговорени
прашања за умот, свеста, животот и вселената. Животот има космичко потекло и се
развива според законите на физиката и хемијата од универзумот. Свеста произлегува
од животот и е основен процес на животот. AI chat-bot Microsoft Copilot си призна
дека: „Како ВИ, не поседувам свест и совест!“ Возвишениот Ум, умот на Бога или на
потеклото на универзумот од ништоста? Трагајќи за откровение на феномените ум и
свест, на крајот, понизно си признавам дека:
Битието, тоа вечно предзвучно е сѐ – она што секогаш било, е и ќе биде, еден
бесконечен свет. Вкуси го тоа повторно, затоа што денес не знаеш ниту од каде
доаѓаш, ниту каде одиш (Škarić, L. et al., 1997).