VIOLENCE AND POWERLESSNESS - A LOOK AT VULNERABILITY AND OVERCOMING
Клучни зборови:
малтретирање, адолесценти во ризик, релациски компетенцииАпстракт
Трудот има за цел да го истражи проблемот на врсничко малтретирање, во живо и онлајн, со фокус на децата и младите кои го вршат малтретирањето, како и да поттикне пристапи базирани на знаења за траума за превенција на оваа појава. Податоците од лонгитудиналната меѓународна ХБСЦ студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст, во која Македонија учествува 20 години, недвосмислено покажуваат дека овие деца и млади се во ризик по своето ментално здравје, често со трауматски искуства во позадина и ниска поддршка од семејството, наставниците и врсниците. Повеќе од половина од нив (54%) известуваат за два или повеќе симптоми повеќе од еднаш неделно, како главоболка, болка во стомакот, болка во грбот, раздразливост, нервоза, отежнат сон или вртоглавица. Се дискутираат повеќе индикатори на ментално здравје, трауматски искуства, доживеан стрес и поддршка од значајните возрасни и врсници кај децата кои малтретираат.Примерокот се состои од 5144 адолесценти на возраст од 11, 13 и 15 години од Северна Македонија. Од нив, 48,4% се момчиња, а 51,6% девојчиња; 66,6% учат на македонски, а 33,4% на албански јазик. Презентираните податоци се од последниот истражувачки циклус спроведен во текот на 2022 година. Спроведени се статистички операции на дескриптивно ниво, како проценти и вкрстувања. Препораките за јакнење на релациските компетенции засновани на емпатија, уважувањенаиндивидуалностаи заинтересираностзапотенцијалите надетето, произлегуваат од сознанијата за протективната улога на семејната поддршка и емпатијата, училишните постигања и приврзаноста кон училиштето во поглед на врсничкото малтретирање.