VALUES, PERSONALITY TRAITS, MEANING IN LIFE AND LIFE SATISFACTION AMONG STUDENTS
Клучни зборови:
вредности, црти на личноста, смисла во животот, задоволство од живототАпстракт
Целта на ова истражување беше да се испита поврзаноста помеѓу вредностите,
цртите на личноста, смислата во животот и задоволството од животот кај студентите.
Во ова истражување беше применет предикторски модел со цел да се утврди кои
од истражуваните варијабли најдобро го предвидуваат задоволството од животот.
Истражувањето беше спроведено на примерок од 243 студенти од Медицинскиот
факултет, Педагошкиот факултет, Економскиот факултет, Правниот факултет,
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и од
Православниот богословски факултет во Скопје. На испитаниците им беа зададени
следниве инструменти: Прашалник за портретирање на вредностите, Инвентарот на
личност ХЕКСАКО, Скала за смисла во животот и Скала за задоволство од животот.
Регресивниот модел како значајни предиктори за задоволство од животот ги издвои
смислата во животот, сигурноста и совесноста, при што совесноста во предикторскиот
модел има негативен предзнак. Во дискусијата се согледува значењето на добиените
наоди, но, се укажува и на недостатоците од ова истражување. Дополнително, дадени
се препораки за примена на наодите во психолошката пракса, како и препораки за
понатамошни истражувања.