НАСTАВНИТЕ ПРОГРАМИ − ОСНОВА ЗА ИЗРАБОТКА НА МОДИФИЦИРАНА НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Клучни зборови:
модифицирана наставна програма, ученици со комплексни потреби, компетенцииАпстракт
Наставните програми во основното образование се развиваат врз основа на
Националните стандарди базирани на компетенции. Централно место во нив имаат
резултатите од учењето со чие постигнување се обезбедува стекнување на потребните
компетенции (знаењата, вештините и ставовите) опфатени со Националните стандарди.
Секоја наставна програма претставува и основа за изработка на модифицирана
наставна програма за учениците со комплексни потреби. Согласно со мислењето
за функционална проценка на ученикот, членовите на инклузивниот тим за ученик
ја изготвуваат модифицираната програма. Во неа се определуваат: приспособени
резултати од учењето и стандарди за оценување, приспособени наставни содржини,
стратегии, наставни средства, асистивна технологија и дополнителни мерки за
поддршка.
Целта на истражувањето е да се направи анализа на наставните програми во
првиот воспитно-образовен период од основното образование за да се детектираат
компетенциите кои се добра основа и главен ориентир кон кој треба да се насочи
планирањето и реализацијата на модифицираната наставна програма. Резултатите од
анализата покажуваат дека во сите наставни програми од прво до трето одделение (24
вкупно) во голем процент се застапени компетенции од подрачјето Личен и социјален
развој, кој изнесува 51,13 % или 113 од вкупно 224 компетенции во прво одделение
(определени во осумте подрачја на националните стандарди во основното образование
во нашата земја), 48,76 % или 118 компетенции од вкупно 224 во второ одделение и
47,42 % или 129 од вкупно 242 компетенции се за Личен и социјален развој во трето
одделение. Во трудот се дадени насоки за изработка на модифицирана наставна
програма за учениците со комплексни потреби со можност од избор на компетенциите
кои соодветствуваат на нивните способности и можности и преку кои би можеле на
крајот од основното образование да развијат самостојност, личен развој и социјални
односи.