DO SELF-ESTIMATES & ESTIMATES BY OTHERS OF INTELLIGENCE AND PHYSICAL ATTRACTIVENESS RELATE TO SELF-ESTEEM?
Клучни зборови:
себепочитување,, интелигенција, физичка привлечност (убавина), полАпстракт
Во емпириско истражување врз примерок на студенти од Македонија испитани се
можните релации на себепочитувањето и проценките (од други и самопроценка) на
интелигенцијата и на физичката привлечност. Примерокот опфаќа 203 испитаници,
студенти од 2. и 3. година на студии на насоките одделенска настава и предучилишно
воспитание. Индивидуалните разлики се мерени со употреба на два мерни
инструменти: (1) инвентарот СЕИ (Куперсмит) за мерење на себепочитувањето, и (2)
анонимен анкетен лист со список на имињата на сите присутни испитаници, со задача
на испитаникот да даде тростепена проценка (натпросечнна, просечна, потпросечна)
на (а) интелигенцијата и на (б) физичката привлечност (убавина) за секого од списокот,
вклучително и за себе. Резултатите (главно корелации, изведени сепаратно за двата
пола) делумно ги потврдуваат претходните сознанија. Генералното себепочитување,
кај двата пола, е стабилно асоцирано (позитивна корелација) со проценките дадени од
другите, како на интелигенцијата така и на физичката привлечност. Ваквата релација е
потврдена кај себепроценките на физичката привлечност, но не и кај себепроценките
на интелигенцијата. Себепроценките, пак, на двата параметри, се позитивно поврзани
со социјалното себепочитување кај женскиот дел од примерокот, додека кај машките
таква релација е потврдена меѓу академското себепочитување и себепроценетата
интелигенција (не и себепроценетата физичка убавина). Наодите, во целина, сугерираат
потенцирана релација на проценетата интелигенција со социјалната компонента на
себепочитувањето кај женскиот и со академската компонента кај машкиот пол.