English

Автори

  • Kalina Sotiroska Ivanoska Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Sherzue Osmani Ballazhi Osmani Ballazhi Faculty of Philosophy-University of Tetova
  • Luljeta Bexheti Faculty of Philosophy-University of Tetova
  • Ibrahim Neziri Faculty of Philosophy-University of Tetova

Апстракт

Училишниот контекст овозможува развој на траекторијата важна за здрав развој на
адолесцентите. Искуствата на младите во училиштето се поврзани со задоволството
и приврзаноста со училиштето. Одредувачките фактори кои го зголемуваат задовол-
ството во училиштето придонесуваат за здравјето на адолесцентите и академските
достигнувања. Затоа, целта на ова истражување е да се предвиди задоволство од учи-
лиштето врз основа на поддршката од наставниците, поддршката од соучениците,
учеството во училиштето и притисокот од училишните задачи. Предвидувачи на задо-
волството од училиштето се поддршката од наставниците и соучениците и учеството
во училишните активности. Примерокот се состои од 5144 адолесценти на возраст од
11, 13 и 15 години од Северна Македонија. Според полот, 48,4% се момчиња, а 51,6% се
девојчиња. Според наставниот јазик, 66,6% од адолесцентите вклучени во студијата
учат на македонски јазик, а 33,4% на албански јазик. Бинарна регресија беше искори-
стена за да се предвиди задоволството од училиштето. Поддршката од наставниците
и соучениците и притисокот од училишните задачи објаснуваат 31% од варијансата во
задоволството од училиштето кај адолесцентите. Наодите од оваа студија ја истакну-
ваат важноста на поддршката од наставниците, соучениците, учеството во училиште-
то и притисокот од училишните задачи како фактори кои значително го зголемуваат
задоволството во училиштето, што укажува на потребата едукаторите и креаторите на
политиките да навлезат подлабоко со конкретни механизми, преку кои овие фактори
промовираат повисоки академски достигнувања и општа добросотојба.

Референци

Објавено

2024-12-16