СРАМ – ГЕШТАЛТ ПРИСТАП: ТЕОРИЈА, МЕТОДОЛОГИЈА И ПРАКТИЧНИ ИМПЛИКАЦИИ
Клучни зборови:
гешталт терапија, срам, психотерапијаАпстракт
Срамот, како важно клиничко и психолошко прашање, ќе биде разгледан низ
призмата на гешталт-теоријата и методологијата, истовремено давајќи импликации
за психотерапевтската работа и за интервенции. Врз основа на она што е познато,
теоријата на гешталт терапија долго време се занимавала со феноменот срам, иако
честопати не го именува срамот со неговото име.
Во срцето на гешталт-моделот е претставување на доживувањето преку теоријата
на поле кое го вклучува доживувањето на себе и на околината како релациска
целина, интеракциските процеси помеѓу себе и другите. Како таков, срамот се гледа
како прекин на поддршката во полето и неорганизираност на процесот на селфот.
За да се разбере како функционира феноменот срам, неопходно е да се искористи
концептот на „ид“, „его“ и функцијата на личност на селфот, како и концептот на
прекините во контактот, особено интроекција, ретрофлексија и конфлуенција. Сето
ова е интегрирано во теоријата на контактот, како и во формирање и во фиксирање
на гешталтите.
Ова разбирање на динамиката на срамот е од суштинско значење за деконструкција
на срамот во психотерапијата, додека се работи со индивидуални и за релациски
процеси. Исто така, од големо значење е да не се напуштат основните столбови на
гешталт терапијата, како што се организмичката саморегулација, феноменолошкото
доживување на клиентот, постојаната интеракција помеѓу полето и селфот, сето тоа
вклопено во форма на дијалогот Јас-Ти.