ДИНАМИКАТА НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО: ПСИХОЛОШКИ И СОЦИОПОЛИТИЧКИ ПЕРСПЕКТИВИ
Клучни зборови:
дезинформации, психолошки фактори, социо-политички двигателиАпстракт
Во изминатите години често се вели дека сме влезени во ера на „поствистина“,
каде што линијата меѓу вистината и лагата e заматена, а дезинформациите владеат.
Ефектот на дезинформациите беше најочигледен за време на пандемијата КОВИД-19,
кога антиваксерски теории на заговор кои беа на маргините на информацискиот еко-
систем влегоа во доминантниот дискурс. Во таа насока, целта на овој труд е да ги раз-
гледа современиот феномен на верување во, споделување на, и ефектите од дезинфор-
мациите од психолошки, социополитички и од медиумски аспект, особено во контекст
на С. Македонија. Првенствено, текстот ги истражува психолошките двигатели зад
верувањето и ширењето на дезинформации, и ги дели на неколку нивоа: когнитивно
(интуитивно размислување, имагинација, репетиција, ревизија на верувања), социоа-
фективно (припадност на и пристрасност кон групата, идеологија, колективен нарци-
сизам) и персонолошко ниво (големите пет фактори на личноста). Понатаму, текстот
разгледува некои од социополитичките фактори (како партиска припадност, медиум-
ска писменост, јавни политики) и медиумските фактори (ехо-комори, информациски
каскади, информациски екосистем) што корелираат и/или го модерираат ефектот на
верувањето и ширењето дезинформации. Овој труд цели да го анализира современиот
феномен на верување и ширење дезинформации, нагласувајќи ја сложената интерак-
ција меѓу психолошките, социополитичките и другите фактори. Врз база на најнови
истражувања и прегледаната литература, дискутирани се некои од начините за спра-
вување со ширењето дезинформации и области за идни истражувања. Заклучно, иако
спектарот на дезинформации е широк и е обликуван од националниот/регионалниот
информациски екосистем, улогата на психолошките теории во борбата против дезин-
формациите е непобитна заради тоа што нуди практични сознанија коишто се при-
менливи во вистинскиот свет.