СЕНЗИТИВНОСТА НА ПРОЦЕСИРАЊЕ НА СЕНЗОРНИ ДРАЗБИ И МОДЕЛОТ НА ГОЛЕМИТЕ ПЕТ КАЈ СТУДЕНТИTE
Клучни зборови:
сензитивност на процесирање на сензорните дразби високо сензитивна личност, Моделот на големите петАпстракт
Сензитивност на процесирање на сензорните дразби (СПСД) претставува наследна
црта на личноста која се манифестира преку начинот на кој централниот нервен си-
стем ги процесира надворешните и внатрешните сензорни информации. Таа се одне-
сува на осетливоста на индивидуата на различни дразби, нејзините емоционални, ког-
нитивни и бихејвиорални реакции, длабокото когнитивно процесирање на дразбите и
емпатичното однесување. Се смета дека индивидуите со висок степен на СПСД имаат
висока сензитивност, односно дека се високо сензитивни личности (ВСЛ). Авторка-
та Елејн Арон, која ја истражува оваа црта, термините сензитивност на процесирање
на сензорните дразби и високо сензитивна личност ги користи синонимно. Истражу-
вањето ја испитува поврзаноста помеѓу високо сензитивната личност (ВСЛ) и факто-
рите на личност во рамки на Моделот на големите пет: екстраверзија, невротицизам,
отвореност кон искуство, сложување и совесност. Примерокот е составен од 204 испи-
таници, студенти од сите четири години на Филозофскиот факултет во Скопје, од кои
124 испитаници се од женски, а 80 од машки пол. За испитување на варијаблите беа
користени инструментите: Скала за мерење на високо сензитивна личност и Инвентар
за големата петорка. Резултатите покажуваат дека ВСЛ е позитивно поврзана со не-
вротицизмот и отвореноста кон искуство, а негативно поврзана со екстраверзијата. И
покрај тоа што резултатите од некои претходни истражувања покажуваат статистички
значајна поврзаност помеѓу високо сензитивната личност и факторот сложување, во
ова истражување не се доби статистички значајна корелација меѓу овие варијабли,
како ни помеѓу ВСЛ и факторот совесност. При анализа на разликите во однос на ВСЛ,
се покажа дека женските испитаници се посензитивни во однос на машките. Ваквите
наоди имаат релевантни импликации за разбирање на врската меѓу сензитивност на
процесирање на сензорните дразби и личноста, од каде се предлага проширување на
студијата на похетероген примерок.