ТИВКОТО ЕГО И ЗАДОВОЛСТВОТО ОД ЖИВОТОТ КАЈ СТУДЕНТИТЕ

Автори

  • Ана Ѓорѓевиќ Факултет за психологија МИТ Универзитет, Скопје

Клучни зборови:

тивко его, задоволство од животот

Апстракт

Целта на овој труд е да се утврди дали постои поврзаност помеѓу тивкото его и
задоволството од животот кај студентите во македонски општествено-културен
контекст. Тивкото его се однесува на сочувствителниот идентитет кој го надминува
егоизмот, без истовремено да се игнорира личниот интерес, додека задоволството од
животот се однесува на когнитивната проценка на сопствениот живот. Истражувањето
беше спроведено на 243 студенти од прва до четврта година на Медицинскиот,
Педагошкиот, Економскиот, Правниот и Православниот богословски факултет. На
испитаниците им беа зададени Скалaта за тивко его и Скалата за задоволство од
животот. Резултатите покажаа дека постои позитивна поврзаност помеѓу тивкото его
и задоволството од животот (r = .14; p < .05), во согласност со очекувањата и во склад со
наодите од релевантните истражувања.

Преземања

Објавено

2023-12-25