КАФКА, ХУМОРИСТ

Аутори

  • Jasna Koteska Faculty of Philology "Blaze Koneski", Universtiy "Ss Cyril and Methodius", Skopje, Macedonia , , Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Македонија , , ,

Кључне речи:

Франц Кафка, Валтер Бенјамин, Делез и Гатари, Дејвид Фостер Волис, Зигмунд Фројд; анимализам, минијатуризација, аскетизам, деца, храна, нож, машини; Чарли Чаплин, Бенито Мусолини

Апстракт

Најупорните читања на делото на Кафка го идентификуваат Кафка како автор на интимизмот (Фројдовото нуклеарно семејство), нихилизмот (сé евентуално се сведува на невозможниот излез од недефинираниот и нефер Закон) и песимизмот. Студијата Кафка, хумористот предлага дека Кафка треба да се чита како хуморист, најмалку заради две причини: 1) Самиот Кафка се дистанцирал од горчливиот модус што ги доминираше толкувањата на неговото дело како песимистичко. Најзабавните делови од биографијата за Кафка на Макс Брод се посветени на опишување на хумористичниот, кловновски начин во кој Кафка ги читал деловите од својот роман Процес, пред публиката, на литературните читања во станот на Брод во Прага, а публиката одговарала со „несопирлива смеа“. 2) Читањето на Кафка како хуморист а не како песимист, парадоксално, има и подолга и покредибилна традиција. Уште во 1934 година, на десетгодишнината од смртта на Кафка, Валтер Бенјамин, во својата студија Кафка, предлага неговото дело да се чита на хумористичен начин. Делез и Гатари следејќи го советот од Бенјамин, во својата студија од 1975 година Кафка, зборуваат за „многу весела смеа“ кај Кафка, но забележуваат дека овој совет за читање на Кафка останува речиси незабележан од неговите критичари. Конечно, Дејвид Фостер Волис, во својот текст Смеењето со Кафка, од 1998 година, пишува за комплексноста на хуморот кај Кафка тврдејќи дека неговиот хумор има „херојски нормален“ квалитет. Студијата Кафка, хумористот на Котеска ги тестира насоките дадени од Бенјамин, Делез и Гатари и Волис и се обидува да го интерпретира хуморот кај Кафка преку некои од неговите најфреквентни теми: анимализмот, минијатуризацијата, аскетизмот; но и: децата, храната, ножот, машините; конечно до портретите на Кафка за некои од најпознатите фигури на неговото време (меѓудругото, неговите коментари за Чарли Чаплин и Бенито Мусолини, кои го изненадуваат читателот со необичната сличност во нивните описи).

##plugins.themes.default.displayStats.downloads##

##plugins.themes.default.displayStats.noStats##

##submission.downloads##

Објављено

2019-10-25

Број часописа

Рубрика

Филозофско-културне проблеме

##plugins.generic.recommendByAuthor.heading##