КУЛТУРОЛОШКИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА МЕТАФОРАТА ВАМПИРИЗАМ НИЗ ДИСКУРСОТ НА СОВРЕМЕНАТА БАЛКАНСКА КНИЖЕВНОСТ
Ключевые слова:
вампир, мит, метафора, Балкан, Јаневски Славко, Пекиќ Борислав, Периќ Борис, општество, култура, фолклор, идеологија, душа, моќ, Друг и ДругостАннотация
Вампирот како културолошка категорија ја симболизира цикличната преобразба на опстојувањето и на живата и на неживата опкруженост. Разгледувана во различни контексти оваа фигура претрпува континуирани трансформации во своето значење во рамки на светската и локалната културна меморија. Тргнувајќи од митската рамка и завршувајќи во рамките на современиот книжевен дискурс, вампирот градациски ја надградува атрибутивноста. Обидот да се прикаже пробивањето на оваа митската фигура во книжевната меморија е сконцентриран врз дискурсот на три книжевни творби од современата балканска книжевност: „Легионите на свети Адофонис“ од Славко Јаневски, „Како да се упокои вампирот“ од Борислав Пекиќ и „Вампир“ од Борислав Периќ. Притоа хронотопот Балкан се чини најподатен за континуирано прелевање на атрибутите на митот за вампирот помеѓу различните културни сегменти. Опфаќајќи ги современите книжевни и општественосоцијални струења: постколонијализмот, глобализмот, мултикултуралноста итн. значењето на вампирот добива потенцијал да се издигне над тривијалноста.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License