ЛАЗАРСКИТЕ ОБРЕДНИ ФОРМИ И ДЕЈСТВИЈА, ИЗРАЗ НА ЖЕНСКАТА ПУБЕРТЕТСКА ИНИЦИЈАЦИЈА НА ПРЕМИН - НИЗ ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКОР
Ключевые слова:
лазарки, мушки и женски лазар, обредни поворки, женски пубертетски обреди на премин, древни предхристијански иницијациски обреди, трансвестизам, полова зрелост, ритуали поврзани со симболиката на плодностаАннотация
Согледувајќи ги аспектите на лазарувањето, како женски пубертетски обреди на премин, во кои промената на статусот на учесничките може да се согледа во целиот развоен тек: од фазата кога младите сексуално зрели девојки можат да влезат во групата лазарки, па се до моментот кога ја изведуваат улогата на главна лазарка, се заокружува циклусот на нивното полово созревања. Од тој момент кандидатките – главни лазарки кои успешно го минале овој иницијациски ритуал, се стекнуваат со статусот на мома подготвена за мажаење, кој по својата функција го означува преминот во друга социјална категорија ‡ таа на возрасните. Кулминација на овој премин ќе претставува ритуалот на венчавање, со што во целост ќе биде заокружен циклусот на женската полова зрелост и влегувањето во светот на возрасните. Бројните елементи, кои ги препознаваме во овој обред, а кои носат траги од древните претхристијански иницијациски обреди, како дел од на пролетниот аграрен календарски циклус на празници, сведочат за древните корени на овој иницијациски обреди на преми, интегрален дел на македонска традиционална култура.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License