ПРИРОКОТ ВО НАСТАВНАТА ПРОГРАМА И ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РМ

Авторы

  • Violeta Janusheva Bitola, Macedonia , , Битола, Македонија , , ,

Ключевые слова:

прирок, Наставна програма, учебници

Аннотация

Прирокот е основен конститутивен член на реченицата и од неговото правилно усвојување во наставниот процес зависи успешноста на синтаксичката анализа на реченицата. Ако се има предвид нашата секојдневна наставна практика во високото образование, која покажува дека во реченицата најтешко се открива прирокот, тогаш станува јасна и целта на трудот, а тоа е да се испитаат причините за недоволните синтаксички компетенции на студентите во однос на прирокот во високото образование. Истражувањето има: квалитативна парадигма, односно се анализираат Наставната програма и учебниците по Македонски јазик за основно и средно образование, (примерок), од гледна точка на информациите што во нив се застапени за прирокот; квантитативна парадигма, односно се анализираат ставовите и размислувањата на 200 студенти од сите региони на Македонија, (примерок), кои ги слушаат предметите Современ македонски јазик и Синтакса на македонскиот јазик на Педагошкиот факултет во Битола. Од методите за обработка на податоците и донесување на заклучоци се користат анализа, компарација и синтеза. Резултатите од истражувањето покажуваат дека токму во Наставната програма и во учебниците по Македонски јазик се наоѓаат причините за недоволните синтаксички компетенции на студентите, во однос на прирокот, зашто поимите прост и сложен глаголски и прост и сложен глаголско-именски прирок се воведуваат дури во трета година од средното образование (стручно и гимназиско) и зашто нивното објаснување е многу кратко и погрешно. Овие наоѓања се потврдуваат со резултатите од студентската анкета која покажува дека најголемиот број студенти не знаат да го определат прирокот во реченицата, што, особено се однесува на сложениот глаголско-именски, па, оттука не можат да направат и правилна синтаксичка анализа на реченицата. Според студентите, наставниците во основно и средно образование поголемо внимание му посветуваат на подрачјето Литература и неоправдано го занемаруваат подрачјето Граматика.

Скачивания

Данные по скачиваниям пока не доступны.

Опубликован

2019-10-17

Выпуск

Раздел

Речеведение и лингводидактика

Как цитировать

ПРИРОКОТ ВО НАСТАВНАТА ПРОГРАМА И ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РМ. (2019). Филологические заметки, 15(2), 180-195. https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/269

Наиболее читаемые статьи этого автора (авторов)