Филолошки студии

„Philological studies“ (FS) е меѓународно, двојно рецензирано,  електронско, славистичко списание од областа на хуманистичките науки со потесен опсег на научни истражувања од: филозофија, литература, културна историја, лингвистиката. Секој број на списанието ги содржи следниве рубрики:

  1. Философско-културолошки проблеми
  2. Историја и филологија
  3. „Зборот“ во историско-културолошки контекст (споредбен аспект)
  4. Литературата во интеркултурен контекст
  5. Современото општество во културата, во јазикот и во литературата
  6. Проучување на говорот и лингводидактика
  7. Рецензии и информации

„Philological studies“  е  резултат на заедничката работа на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија), Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Факултет за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб (Хрватска), Филолошкиот факултет на Универзитетот во Перм (Русија) и Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија).

Издавач: Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

„Philological studies“  е електронско списание со отворен пристап (DOAJ) до секоја објавена статија, што значи дека содржината е достапна целосно и бесплатно за индивидуални корисници или за институции. Корисниците можат да ги читаат, да ги преземаат, да ги копираат и да ги дистрибуираат објавените статии. Дозволено е и пребарување на статиите, како и нивно користење за други легални цели без претходно барање дозвола од издавачот или од авторот, а во согласност со Будимпештанската иницијатива на отворен пристап (BOAI).

Списанието излегува два пати годишно. Во него се објавуваат научни трудови на: македонски, српски, руски, словенечки, хрватски и англиски јазик. Списанието прифаќа само оригинални статии, т. е. оние што веќе не се објавени на кој било јазик и што не се во процес на разгледување за објавување во други списанија. Авторите се носители на авторските права и ги задржуваат правата на објавување и на користење на статиите. Објавувањето во списанието е бесплатно.

Списанието „Philological studies“ е вклучено во следните бази на податоци: Централната и источноевропската онлајн библиотека (CEEOL), Aмериканската асоцијација за современ јазик (MLA), базата на EBSCO, на PROQUEST и на GALE, Рускиот индекс на научно цитирање (РИНЦ), Хрватскиот портал на научни списанија (Hrčak), COBISS.MK.