КОХЕРЕНЦИЈАТА ВО ПИСМЕНИТЕ РАБОТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Autor(i)

  • Бојана Мандровска
  • Магдалена Трајческа
  • Виолета Јанушева П

Ključne riječi:

кохеренција, писмени работи, македонски јазик

Sažetak

Ова квалитативно истражување анализира 50 писмени работи по македонски јазик на учениците од деветто одделение (што го претставуваат примерокот), од гледна точка на употребата на јазичните средства со кои се постигнува кохеренцијата во пишан текст. Целта е да се добие една општа слика за писменото изразување на учениците во основното образование, во однос на алатките што придонесуваат за разбирливоста на текстот и што ја обезбедува неговата текстура. Анализата се темели на квалитативната анализа на содржината и на интерпретативно-индуктивниот метод.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека во анализираниот корпус, како средства за постигнување кохеренција, најмногу се употребуваат заменките, а посложените аспекти на кохеренцијата се помалку застапени. Оттука, на овој значаен аспект во писменото изразување на учениците треба да му се посвети поголемо внимание во наставната практика.

Preuzimanja

Podaci o preuzimanjima još nisu dostupni.

Reference

Preuzimanja

Objavljeno

2026-11-05

Broj časopisa

Rubrika

Jezikoslovlje. Glotodidaktika

Najčitaniji članci istog autora / istih autora