Аспекти на придавската секундарна предикација во македонскиот јазик
Main Article Content
Abstract
Во трудот се посочуваат основните карактеристики на придавската секундарна предикација во македонскиот јазик. Проблемот се разгледува, пред сѐ, од семантички и од синтаксички аспект, но и на планот на информациската структура. Се изделуваат основните значења на придавките во таа функција, врската меѓу нивниот карактер од аспект на тематско-рематската структура и позицијата во исказот и причините за нивната интегрираност или неинтегрираност во прозодиската структурa. Во таа смисла, се посочува кога влегуваат во релација што е само временски паралелна со примарната предикација, од една страна, и со дополнителна, каузална нијанса, од друга; во кои случаи се јавуваат во информациското јадро или надвор од него во зоната десно или лево од предикатот; какви импликации има нивниот информациски карактер во поглед на позицијата; како се одразува разликата помеѓу депиктивните секундарни предикати и придавските елементи што изразуваат подолготрајни карактеристики. Примерите се ексцерпирани од неколку книжевни дела.
Downloads
Article Details
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
References
Минова-Ѓуркова, Л. (2000). Синтакса на македонскиот стандарен јазик. Скопје: Магор.
Тополињска, З. (1997). Македонските дијалекти во Егејска Македонија: Синтакса (т.2). Скопје: МАНУ.
Combettes, B. (1998). Les constructions détachées en français. Paris: Édition Ophrys.
Creissels, D. (2006). Syntaxe générale une introduction typologique 1 (catégories et constructions). Paris: Hermes Science Publications.
Himmelmann, N. P. and Schultze-Berndt, E. (2005). Issues in the Syntax and Seman-tics of Participant oriented adjuncts: an Introduction. In N. P. Himmelmann and E. Schultze-Berndt (eds.). Secondary predication and adverbial modification: The typology of depictives, 1–67. Oxford: Oxford University Press.
Maingueneau, D. (2014). La syntaxe du français. Paris: Hachette Supérieur.
Marengo, S. (2011). Les adjectifs jamais attributs: syntaxe et sémantique des adjec-tifs constructeurs de la référence. Bruxelles: De Boeck-Duculot.
Noailly, M. (1999). L'adjectif en français. Paris: Édition Ophrys.
Riegel, M., Pellat, J.C. et Rioul, R. (2014). Grammaire méthodique du français. (5e éd.) Paris: Presses Universitaires de France.