Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик

Main Article Content

Лидија Танушевска

Abstract

Во овој труд се разгледуваат неменливите зборови и изрази како модифи­катори на значењето на текстот. Се служиме со полскиот термин модулант и класификацијата на модулантите според М. Гроховски, затоа што терминот е прифатен во полската наука за преводот како заеднички за единици од рамништето на текстот, чија категоријално-граматичка природа е разнородна: од традиционалните партикули, генетичките прилози, некои заменки, често­пати и предлози, па дури и до интенционални сврзници, како и цели јазични фрази. Анализата се заснова на примери од полски книжевни дела и нивните еквиваленти во македонскиот превод, односно на разликите во преводот врз основа на значенските нијанси што ги внесуваат модулантите. Тие се инте­ресни во поглед на преводот, бидејќи внесуваат нијанси во значењето на текстот, како на пример,  логичка валоризација, модална оцена, вмешаноста на гово­рителот во содржината на текстот и сл. Јазичните еквиваленти не се секогаш функционално соодветни на дополнителните значенски нијанси, па затоа се појавуваат разлики во преводот. Тие разлики произлегуваат поне­ко­гаш поради употребата на функционално несоодветни еквиваленти, а поне­ко­гаш и поради испуштањето на овие „факултативни“ елементи, што се должи на погрешното традиционално лингвистичко сфаќање дека се небитни за текс­тот. Анализата има цел да го покаже токму спротивното, односно дека тие се важни за текстот и, особено, за преводот.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Танушевска, Лидија. 2019. “Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик”. Journal of Contemporary Philology 2 (2), 49–63. https://doi.org/10.37834/JCP1920049t.
Section
Linguistics

References

Аризанковска, Л. (2007). Од семантиката и синтаксата на дел од словенечките и македонските партикули. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Бужаровска, Е. и Митковска, Л. (2017). Апрехенсивните говорни чинови во македонскиот јазик. Македонски јазик, LXVIII: 121-130.
Кусевска, М. (2014). Улогата на па како адверсативен дискурсен маркер. Македонски јазик, LXV: 253-264.
Минова-Ѓуркова, Л. (1994). Синтакса на македонскиот стандарден јазик. Скопје: РАДИНГ.
Танушевска, Л. (2010). Анализа на преводните текстови од полски на македонски јазик (од аспект на теоријата на превод). Докторска дисертација. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Танушевска, Л. (2018). За неколку полски модуланти и за нивното значење во текстот на книжевниот превод. Во Годишен зборник на Филолошкиот факултет книга 43-44: 237-253. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Шокларова-Љоровска, Г. (2005). Значењето непосредна претходност во македонскиот, српскиот и полскиот јазик. Научна дискусија, 31: 439-446.
Шокларова-Љоровска, Г. (1993). Кон полифункционалноста на некои сврзнички предикати во македонскиот и во полскиот јазик. Научна дискусија, 19: 115-124.

Grochowski, M. (1986). Polskie partykuły. Składnia, semantyka, leksykografia. Wrocław: PAN/ IJP, Ossolineum.
Grochowski, M., Kisiel, A., Żabowska, M. (2014). Słownik gniazdowy partykuł polskich. Kraków: Polska Akademia Umiejętności.
Grochowski, M., Kisiel, A., Żabowska, M. (2018). Zasady opisu jednostek funkcyjnych w WSJP PAN. In Wielki słownik języka polskiego PAN. Geneza, koncepcja, zasady opracowania, 191-203. Kraków: Polska Akademia Umiejętności.
Jodłowski, S. (1976). Podstawy polskiej składni. Warszawa: Państwowe Wydawnictwo Naukowe.
Pawelec, A. (2000). Modulanty a przekład. In Mała encyklopedia przekładoznawstwa, Wydanie I. 140-144. Częstochowa: Wydawnictwo Wyższej Szkoły Języków Obcych i Ekonomii Edukator.
Topolińska, Z. (red.). (1984). Gramatyka współczesnego języka polskiego. Składnia. Warszawa: Państwowe Wydawnictwo Naukowe.