Метафизичката поетска нишка во препевот на Петре М. Андреевски
Main Article Content
Abstract
Овој труд се занимава со англискиот превод на еден од најпознатите македонски поети и романсиери Петре М. Андреевски. Анализирани се преводите на две негови песни, антологиската „Кога ја љубев Дениција“ и „Одаде и отаде“, со интерпретација на различните семантички нијанси помеѓу оригиналот и препевот (версификација). За таа цел е употребен моделот на Драги Михајловски познат како ‘матрица на преводливост’, со кој се прикажани отстапките на фонолошко, лексичко, синтактичко и семантичко рамниште. Секоја јазична отстапка е дискутирана а понудени и поткрепени се и нови преводни еквиваленти. Целта е да се прикаже преводот како креативен процес и бескрајна битка на преведувачот, особено при препевот. Во овој случај, се работи за препев на метафизичката нишка на избор песни од корпусот на Андреевски. Во потрага по подобри преводни решенија вклучен е и нов препев на наведените песни при крајот од трудот. Новиот превод е само уште еден обид да се пренесе естетската еквиваленција на оригиналот и да се преведе непреведливото во поезијата.
Downloads
Article Details
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
References
Андреевски, М. П. (1988). Никоја доба. Скопје: Наша книга.
Андреевски, М. П. (1984). Поезија. Скопје: Наша книга.
Андреевски, М. П. (1980). Птица потајница. Скопје: Мисла.
Андреевски, М. П. (2007). Тогаш така реков. Скопје: Штрк.
Арсова, Н. Л. (1999). Преведување–теорија и пракса, Скопје: УКИМ.
Бенјамин, В. (2002). Задачата на преведувачот [превод на оригинален текст]. Во Д. Михајловски, Под Вавилон: Задачата на преведувачот, 311–341. Скопје: Каприкорнус.
Михајловски, Д. (2002). Под Вавилон: Задачата на преведувачот. Скопје: Каприкорнус.
Benjamin, W. (1986). Reflections: Essays, Aphorisms, Autobiographical Writings (1st ed.). Berlin: Schocken.