„Подобро е добро име отколку големо богатство“: Симболичкиот капитал во полето на книжевноста
Main Article Content
Abstract
Во овој труд ќе ја претставиме теоријата за симболичкиот капитал во рамките на полето на книжевноста на францускиот теоретичар, социолог и антрополог Пјер Бурдје, теорија што можеме да ја пронајдеме во неговата книга посветена на книжевноста насловена Правила на уметноста (1992) и во неговите бројни есеи посветени на истата тема. Ќе ја претставиме и ќе ја анализираме неговата теорија за симболичкиот капитал на два начина: најпрво по себе, како што е образложена во неговите книги и есеи, а потоа преку различни примери од светот на книжевноста. Во првиот дел ќе го претставиме разговорот меѓу американските писатели Ернест Хемингвеј и Скот Фицџералд за природата на пишувањето, опишан од страна на Хемингвеј во книгата Подвижна гозба. Во вториот и во третиот дел ќе преминеме кон претставување и анализа на концептот „симболички капитал“. Најпрво ќе го дефинираме поимот, ќе ги анализираме и ќе ги поставиме во поширок контекст дефинициите на Бурдје; потоа ќе зборуваме за специфичните манифестации на симболичкиот капитал во полето на книжевноста и за неговиот однос со класичниот, односно со економскиот капитал во потесната смисла на зборот; исто така, ќе зборуваме за генезата на овој поим на индивидуално и на општествено ниво; на крајот, ќе зборуваме за неговата можна трансформација во економски капитал. Во заклучокот ќе извлечеме генерални согледби во однос на претставеното и на придонесот на теоријата на Бурдје за проучувањето на книжевноста.
Downloads
Article Details
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
References
Bourdieu, P. (1986). The Forms of Capital. In Richardson, J.E., (ed).Handbook of Theory of Research for the Sociology of Education, 41-58. Chicago: Greenwood Press.
Bourdieu, P. (1995). The Rules of Art: Genesis and Structure of the Literary Field. Stanford, California: Stanford University Press.
Bourdieu, P. (2005). The Social Structures of the Economy. Cambridge: Polity Press.
Bourdieu, P., Wacquant, L.J.D. (1992). An Invitation to Reflexive Sociology. Cambridge: Polity Press.
Broch, H., Hugo von Hofmannsthal and His Time: The European Imagination, 1860-1920. (1984). Chicago and London: The University of Chicago Press.
Casanova, P. (2006). Samuel Beckett: Anatomy of a Literary Revolution. London and New York: Verso.
Casanova, P. (2004). The World Republic of Letters. Cambridge, Massachusetts, London, England: Harvard University Press.
Johnson, R. (1993). Pierre Bourdieu on Art, Literature and Culture (Editor’s Introduction). In Bourdieu, P. The Field of Cultural Production: Essays on Art and Literature 1-25. New York: Columbia University Press.
Lukacs, G. (1974). Soul and Form. Cambridge, Massachusetts: The MIT Press.
Moore, R. (2008). Capital. In Grenfell, M.(ed). Pierre Bourdieu: Key Concepts, 101-118. Durham: Acumen Publishing Limited.
Sartre, J.P. (1988). “What is Literature” and Other Essays. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press.
Sartre, J.P. (1967). Baudelaire. New York: A New Direction Paperbook.
Weber, M., Gerth, H.H. and Mills Wright, C. (eds.). (1967). From Max Weber: Essays in Sociology. New York: Oxford University Press.
Williams, R. (1960). Culture and Society: 1780-1950. New York: Anchor Books.
Балзак, О. (1961). Изгубени илузии. Београд: Просвета. [Balzak, O. (1961). Izgubeni iluzii. Belgrad: Prosveta.]
Бодлер, Ш. (2013). Цвеќиња на злото. Скопје: Магор. [Bodler, Š. (2013). Cveḱinja na zloto. Skopje: Magor.]
Кундера, М. (2020). Животот е на друго место. Скопје: Арс Ламина. [Kundera, M. (2020). Životot e na drugo mesto. Skopje: Ars Lamina.]
Хемингвеј, Е. (2021). Подвижна гозба. Скопје: Арс Ламина. [Hemingvej, E. (2021). Podvižna gozba. Skopje: Ars Lamina.]