НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА И Р. ТУРЦИЈА

Автори

  • Нергис Рамо Акѓун Government Hospitals Association, Çanakkale, Republic of Turkey
  • Ристо Петров Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија
  • Оливера Рашиќ Цаневска Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија
  • Наташа Станојковска Трајковска Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија

Клучни зборови:

наставни планови, програми, ученици со посебни образовни потреби, Република Македонија, Република Турција

Апстракт

Посебниот образовен систем е дизајниран со цел да им овозможи образование на учениците со посебни образовни потреби. Наставните планови и програми за децата со посебни потреби се комплексна потреба во секој образовен систем. Во овој труд, ги анализиравме наставните планови и програми од основно образование за пет категории на попреченост; интелектуална попреченост, оштетување на видот, оштетување на слухот, телесна инвалидност и аутизам; помеѓу две земји; Република Македонија и Република Турција. Нашата цел беше да ги претставиме наставните планови и програми за образование во посебните образовни системи и да ги согледаме разликите помеѓу овие две земји. Нашето главно истражувачко прашање е: Кои се разликите во наставните планови и програми за децата со посебни образовни потреби во Република Македонија и Република Турција. За да обезбедиме одговор на ова прашање, моравме да поставиме пет пот-прашања поврзани со категоријата на попреченост и државата. Резултатите покажаа дека во Р.Македонија има 7 задолжителни предмети кои можеме да ги сретнеме во сите посебни училишта, додека другите се или адаптирани според категорија на попреченост или достапни под друг назив. Во Р. Турција, 16 предмети се исти во сите специјални училишта. Ова квалитативно истражување има теоретски, современ, компаративен и дескриптивен карактер. Го употребивме методот на дескриптивна и компаративна анализа, додека нашата техника беше анализа на документација на податоци добиени од релевантни институции. Собраните податоци беа анализирани според истражувачките прашања, овозможувајќи ни соодветни заклучоци и сугестии.

Референци

Објавено

2016-12-01