УЛОГАТА НА ДРЖАВНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКОТО ПРЕСТАПНИШТВО ВО ГРАДЕЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНА ПОЛИТИКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Клучни зборови:
детско престапништво, правата на децата, индикаториАпстракт
Државниот совет за превенција на детското престапништво е формиран согласно Законот за правда за децата како самостојно и независно тело, кое има надлежност во делот на следење на превентивните активности од страна на сите институции и граѓански организации, а со цел спречување на детското престапништво.
Државниот совет е формиран во 2009 година, а е составен од 15 члена кои се претставници на ресорните министерства, институции и невладини организации вклучени во системот за правда за децата и истакнати научни и стручни работници.
Државниот совет има голем број на надлежности согласно Законот, ја донесе Националната стратегија за превенција на малолетничко престапништво (2010-2020), спроведува истражувања, дава иницијативи за подобрување на законските одредби, но основна надлежност е следење на состојбата со заштита и унапредување на правата на децата. За таа цел Советот изготвува годишни извештаи за состојбата со детското престапништво и имплементација на Законот.
Во извештајот се дава осврт на состојбата со детското престапништво преку податоци добиени врз основа на 32 индикатори доставени од 63 институции во системот на правда за децата.
Во трудот е даден осврт на еден аспект од проблематиката која е предмет на работа на Државниот совет, а тоа е следење на состојбата со детското престапништво преку презентирање на податоците објавени во Годишниот извештај за работата на советот и за состојбите во областа на правда на детето и детското престапништво за 2015 година. Годишниот извештај се доставува до Собранието, Владата, Врховниот суд и Судскиот совет на РМ.