ВКЛУЧЕНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Автори

  • Наташа Чичевска-Јованова Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia
  • Даниела Димитрова-Радојичиќ Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија

Клучни зборови:

наставници, родители, образование, ученици со пречки, инклузија

Апстракт

Промените во семејната и социјалната структура и демографските промени значително ја променија улогата на училиштето во општеството, а оттука и улогата на родителите во училишните одговорности. Една од најважните работи за добро образование на детето, е што поблизок однос меѓу родителите и наставниците.
Целта на овој труд е да се претстави Моделот за концептуализирање на вклученоста на родителите, којшто првично беше осмислен за наставници и родители на деца со посебни потреби, но подоцна беше сфатено дека со мали измени можат да го користат сите наставници и родители. Моделот се состои од две пирамиди, едната од нив ја претставува хиерархијата на потребите на родителите, а другата е хиерархија на силните страни на родителите и можните придонеси. Обете пирамиди визуелно демонстрираат различни нивоа на потреби и придонеси од страна на родителите.
Истражувањето покажува дека вклученоста на родителите во едукацијата влијае многу позитивно врз учениците, во смисла на зголемена редовност во посетувањето на наставата, подобри оцени, зголемена независност, самопочит и доверба.

Референци

Објавено

2016-12-01