ОСПОСОБЕНОСТ НА СТУДЕНТИТЕ ПО ПЕДАГОГИЈА ЗА ПРИМЕНА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА
Клучни зборови:
ИКТ, настава, иницијално образование, дигитална писменостАпстракт
Од појавата на првитe компјутери до последните паметни уреди, технологијата се развива со молскавична брзина од ден на ден. Новата ера на компјутери го смени целокупниот процес и начинот на кој младите учат и се едуцираат во овој модерен свет на дигитално општество. Согласно тоа, во рамките на студиската програма на Институтот за педагогија е воведен наставен предмет ИКТ во наставата, со чија што реализација кај студентите се развива дигитална писменост, неопходна за користење на ИКТ во наставниот процес.
Оттука, главна цел на ова истражување е да се согледа до кој степен студентите се оспособени за користење на разновидни ИКТ алатки во функција на реализирање на современа настава. Степенот на оспособеност на студентите за користење на разновидни ИКТ алатки, во овој случај, е разгледуван од аспект на ставовите и мислењата на студентите со помош на скала на проценка (за самоевалуација) и тест за испитување на стекнати вештини за користење на одделни ИКТ алатки за потребите на наставата. Со истражувањето се опфатени сите студенти коишто ја посетувале наставата по наставниот предмет ИКТ во наставата во последните три академски години.
Добиените резултати од истражувањето покажуваат дека студентите се стекнати со неопходни вештини за да можат успешно да практикуваат одделни ИКТ алатки во наставниот процес.