АНАЛИЗА НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ВО ПРВИОТ ОБРАЗОВЕН ЦИКЛУС
Клучни зборови:
Наставни програми, математика, Кембриџ, наставнициАпстракт
Во овој труд ќе се анализираат новите наставни програми по математика во првиот образовен циклус, кои се преземени од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination) и адаптирана од страна на Бирото за развој на образованието. На почетокот ќе направиме и една споредба со претходните наставни програми по математика и ќе се обидеме да најдеме одговор зошто всушност се заменети (пресликани) од друга држава, но исто така и зошто претходно не е направено пилот истражување низ одредени делови во нашата држава за да ги воочиме навремено со кои слабости се соочува наставната практика за да може навремено да се интервенира.
Во овој труд, исто така, ќе се обидеме да објасниме за потребата од преземањето на готови наставни програми од други држави и колку е возможно истите да се прилагодат на нашиот воспитно – образовен систем. На крајот ќе се осврнеме на добиените резултати при анкетирањето на наставниците во првиот образовен циклус за тоа дали и колку се задоволни од работата со учениците, но и со какви предизвици (проблеми) се соочуваат низ наставната практика. Исто така низ конкретни примери ќе се укаже на предностите, но и недостатоците што оваа наставна програма по математика имплицира кај наставниците и дали и колку се оспособени за успешна реализација на истите, како и потребата за нивно доусовршување. Ќе дадеме и одговори дали и колку Бирото за развој на образованието е подготвено и оспособено да врши обуки.