ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ: СТАВОВИ НА СТУДЕНТИТЕ ПЕДАГОЗИ И ДЕФЕКТОЛОЗИ
Клучни зборови:
ставови, инклузивно образование, ученици со посебни потреби, идни наставници, идни наставници дефектолозиАпстракт
Според Хубер (Huber 2009), утврдувањето на факторите што влијаат на ставовите на студентите наставници може да претставува база на информации за наставни содржини во функција на промовирање на посакуваните ставови кон инклузијата. Во овој контекст, голем број автори ги истражувале варијаблите поврзани со ставовите на студентите наставници кон инклузијата. Иако резултатите од некои од овие студии сугерираат позитивни ставови, има и такви што покажуваат загриженост за концептот инклузивно образование за учениците со посебни потреби.
Целта на ова истражување е да се испитаат ставовите на студентите од Институтот за дефектологија и од Институтот за педагогија за инклузија на учениците со пречки во развојот во редовно училиште. Како инструмент беше користен посебен прашалник – Скала за ставовите за инклузивно образование (Attitudes Toward Inclusion in Africa Scale – ATIAS, Agbenyega, Deppeler & Harvey, 2005).
Резултатите покажаа дека, генерално, поголем број студенти го поддржуваат концептот на инклузивно образование.