ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА БАЛКАНОТ И ВКЛУЧУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ ВО НЕГО

Автори

  • Далибор Јовановски Faculty of Philosophy, Institute of History, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia
  • Сузана Симоновска Филозофски факултет, Институт за родови студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија

Клучни зборови:

високо образование, Балкан, универзитети, еманципација на жените, општествен напредок

Апстракт

Нема сомнение дека во услови на глобализација образованието претрпува низа промени, но една од функциите или мисиите на образованието кое останува непроменета е стекнување знаење, т.с описменување и учење. Токму затоа, во периодот на формирањето на независните и автономни држави на Балканот во 19. век, период во кој огромен дел од населението било неписмено, новите држави посебно внимание посветиле на образованието. Потребата од образован кадар oформен на домашен терен, ја наметнал и потребата за развој на високото образование, што пак резултира со отворање на првите универзитети на Балканот. Во првите децении од формирањето на овие високообразовни институции, поради традиционалното патријархално опкружување во кое улогата на жената се врзувала за домот и грижата за семејството, студентите, а и професорите биле само од машкиот пол. Со текот на времето, и покрај постојните отпори, а како резултат на модернизациските процеси и процесот на еманципацијата на жените, кон крајот на 19. и почетокот на 20. век, на балканските високообразовни институции биле примени и првите девојки студентки.
Овој труд, всушност, треба да го покаже историскиот след на развојот и промените што се случуваат во високото образование на Балканот, со посебен акцент врз вклучувањето на жените во високо образовните институции.

Референци

Објавено

2016-11-01