ОБРАЗОВНИTE АСПИРАЦИИ НА СИРОМАШНИТЕ ДЕЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Клучни зборови:
сиромашни деца, образовани аспирации, механизми за вклучување во образовниот процесАпстракт
Сиромаштијата е мултидимензионален феномен што е предизвикан од извесни животни услови кои имплицираат ограничени можности да се учествува во општествениот живот.
Во овој труд се осврнуваме на еден специфичен аспект на сиромаштијата - аспирациите на сиромашните деца кон образованието.
Поради мноштвото дефиниции, за потребите на овој труд го операционализираме поимот детска сиромаштија. Сиромашни се сметаат деца што живеат во сиромашни семејства. Тие искусиле недостиг од материјални, духовни и емоционални ресурси потребни за опстанок, развој и напредок. Поради недостиг тие не се во можност да ги уживаат своите права, да ги остварат целосно своите потенцијали за да бидат рамноправни членови во заедницата. Загрижува податокот кој говори дека процентот на децата кои живеат во сиромаштија е поголем од процентот на возрасните кои живеат во сиромаштија.
Поголем број деца што растат во сиромашни семејства остануваат заробени во интергенерацискиот циклус на сиромаштија и во социјалната исклученост. Поради тоа недостигаат активности во насока на развивање на знаења на сиромашните деца, практикување на морални вредности и запознавање кои се бараат во сите области на животот. Низ процесот на социјализација што го овозможуваат образованието и воспитанието, децата го учат начинот на живот во општеството или во групата каде што припаѓаат.
Целта на овој труд е да се детектира присуството/ отсуството на аспирациите на сиромашните деца за стекнување знаења, морални вредности и вештини. Посебно ќе се осврнеме на аспирациите за стекнување знаења, морални вредности и вештини, кај децата од најсиромашните ромски семејства. Исто така, воедно целта на трудот е и да се понудат механизми за намалување на бројот на сиромашни деца преку нивно стимулирање да се вклучат во образовниот процес.