ПРИДОНЕСОТ НА ВОСПИТАНИЕТО ВО ФОРМИРАЊЕТО НА ВРЕДНОСТИТЕ И ВРЕДНОСНИТЕ ОРИЕНТАЦИИ
Клучни зборови:
воспитание, воспитна работа, општество, вредности, вредносни ориентацииАпстракт
Воспитанието е секогаш условено од општествените околности. Негова основна задача е да ги оспособи младите луѓе за живот во определено општество, да се прилагодат на општествените услови и да ги прифатат и почитуваат воспоставените вредности, норми и правила на однесување. Во услови на изградба на ново општество базирано на принципите на демократијата се повеќе созреваат условите за изградба на нов систем на вредности во еден нов автентичен облик. Водечка идеја на демократското општество е промоција на хуманистичките вредности како што се: почитување на човековите права, религиска, етничка, расна и културна толеранција, плурализам, солидарност, колективна одговорност, граѓанска коегзистенција, слобода итн.
Од воспитанието во целина, денес се очекува да развива и формира определени особини и способности кај личноста на ученикот и истовремено да негува бројни хуманистички вредности. Потребна е систематска и интензивна воспитна работа. Систематскиот пристап подразбира целосна стратегија на педагошка технологија, во која меѓусебно се усогласени сите елементи и стратегии кои се однесуваат на смислата, значењето, целите, задачите, облиците, методите, содржините, програмирањето, следењето, контролата, вреднувањето, евалуацијата и усовршувањето на програмите за воспитна работа.