РЕФОРМИТЕ И СИСТЕМОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Елена Ризова Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

образование на возрасни, образовни предизвици, доживотно учење

Апстракт

Изминатата деценија во Република Македонија се карактеризира со зголемени заложби за реформирање на образованието на сите степени, вклучувајќи го и образованието на возрасните. За таа цел беа изготвени голем број стратегиски, законски и оперативни документи, како и формирање на посебни државни тела за образование на возрасни кои имаат за цел да ги воспостават темелите за развој и афирмација на образованието на возрасните во земјата. Следејќи ја патеката за образовен развој на европските земји, Република Македонија се соочува со предизвици иманентни за сите земји во развој: недостаток од финансиски ресурси во овој образовен сектор, ниска стапка на инволвираност на партиципиентите во достапните форми на образование на возрасни, недостаток од даватели на образовни услуги за возрасни, недостаток од едуциран наставен кадар за работа со возрасни, несоодветна институционална координација, итн., со што се нагласува потребата од сериозен и студиозен пристап во реформирањето на овој образовен потсистем кој треба да ги зацврсти разнишаните темели на кои првично беше поставен.

Референци

Објавено

2015-06-01