ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ПАРТИЦИПАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ
Клучни зборови:
партиципација на учениците, основно образование, партнерство, вредности, вештиниАпстракт
Реформските промени во основното образование опфаќаат подрачја кои се значајни од воспитен, образовен, општествен и социјален аспект.
Посебно е значајно ревидирањето на местото на учениците во основното образование, со што константно се иницираат одредени промени во однос на подобрување на квалитетот на нивната улога и учество во воспитанието и образованието и градењето на нивната личност.
Партиципативноста на учениците во основното образование е прашање кое е мултифакторијално детерминирано и опфаќа одредени аспекти од законска, педагошка и социјална природа.
Успешното функционирање на факторите и аспектите по однос на наведеното прашање е базирано на современите гледишта и сфаќања на мисијата на основното образование.
Суштината и потребата од партиципација на учениците во основното образование се препознава во развој и почитување на индивидуалните потенцијали, потребите на ученикот, како и промоција на толерантност, почитување на различности, индивидуална, семејна и граѓанска одговорност, со што се придонесува за развој на демократијата и на граѓанското општество.
Партиципативноста на учениците претставува и можност за поквалитетно остварување на инклузивноста во основното образование како и развој на културата за живеење и свеста за доживотното учење.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Флорина Шеху

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.