ПОРТФОЛИО - ПРЕДИЗВИК ВО ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ

Автори

  • Соња Величковиќ College of professional studies educators, Aleksinac, Serbia
  • Лазар Стошиќ Висока школа за стручни студии за воспитувачи, Алексинац, Србија

Клучни зборови:

портфолио, иновациски воспитувач, професионален развој

Апстракт

Водењето на педагошката документација вклучува различни начини на евидентирање на запазувањата во воспитно-образовниот процес и процесот на развојот на детето, што води кон процес на професионализација на работата на воспитувачот.
Во овој труд е разгледана можноста за подготовка на индивидуално и групно портфолио како начин на следење на развојот и напредувањето на предучилишното дете, подготовка на професионалното портфолио и е-портфолио како иновациски начин на следење на детскиот и професионалниот развој на воспитувачите, со цел да се осовремени и подигне квалитетот на воспитно-образовната работа во предучилишните организации. Иновациските детски градинки подразбираат и иновациски воспитувачи, така што односот на воспитувачот кон промените е важен сегмент во управување со иновациите во предучилишните организации. Денес, воспитувачот не е само извор на знаење, туку и организатор на работа, мотиватор и иницијатор на детските активности, а тој самиот треба да е мотивиран, одговорен, комуникативен, подготвен и отворен за постојано усовршување и професионално
унапредување.

Референци

Објавено

2015-06-01