ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВОСПИТНАТА РАБОТА НА НАСТАВНИКОТ СО ПРИМЕНА НА СРЕДСТВАТА ЗА ПОТИКНУВАЊЕ

Автори

  • Беса Хавзиу Faculty of Philosophy, Pedagogy, University of Tetovo
  • Марина Богојевска ОУ Братство Миѓени

Клучни зборови:

наставник, ученик, поттикнување, поттикнувачки знаци и поттикнувачки средства

Апстракт

Наставникот на часовите ги поучува, но и ги учи учениците како да учат, при што истовремено и воспитно дејствува на нив. За да постигне подобри резултати во современата настава во својата воспитна работа, тој треба да применува низа воспитни методи меѓу кои е и поттикнувањето со кое го насочува нивното однесување во позитивна насока при стекнувањето на знаења, умеења, вештини, вредности и ставови. Во современата настава со градењето на интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот поттикнувањето добива на значење. Ученикот е повратно информиран за својот напредок на часот од страна на наставникот и тоа на начин кој го води кон понатамошен успех. Ако ученикот е на добар пат во процесот на учењето, тој е поттикнуван од страна на наставникот и продолжува во насока на постигнување нов успех. Имено, наставникот преку неколкуте видови знаци и средства на поттикнување го води ученикот до реализација на поставените цели на часот. Но, често пати учениците наидуваат и на непремостливи пречки и токму во такви моменти наставникот треба да им дава поддршка за да ги надминат пречките и да доживеат успех. Средствата и знаците за поттикнување во современата настава се побројни и посодржајни затоа што оваа настава поаѓа од ставот дека ученикот е активен субјект во стекнувањето на знаењата и умеењата, а не само пасивен примател на информации. Според тоа, како цел на нашето истражување е: да се согледа видот и зачестеноста во примената на поттикнувањето воопшто и поедините средства во наставната работа т.е. откривање кои се тие, колку се осмислени и образложени од страна на наставниците во основното образование. Добиените резултати треба да послужат за откривање и надминување на воочените пропусти во воспитнo-образовната работа на наставниците од аспект на примена на поттикнувањето.

Референци

Објавено

2015-06-01