РЕФОРМИТЕ ВО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 23 ГОДИНИ ПОДОЦНА

Автори

  • Зоран Велковски Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

образование, реформи, политика

Апстракт

И покрај тешкотиите со кои се соочува во годините на транзиција кон пазарна економија и демократско општество, Република Македонија се стреми кон градење на образовен систем во согласност со современите глобални тенденции. Овие напори постојано се соочуваа со надворешни и внатрешни предизвици кои го обликуваа образовниот систем и го насочуваа неговиот иден развој.
Голем број интервенции беа иницирани во образованието во првите 23 години по осамостојувањето, првенствено на проектно ниво. Целта на овие иницијативи беше подобрување на квалитетот на образованието. За жал, поголем дел се спроведуваа изолирани едни од други и во окружување обременето со политички влијание и тензии, со што се маргинализираше значењето на влијанијата на образовните реформи.
Реформите во образованието во голема мерка ги следеа темелите зацртани во Реформите Фаре во СОО, Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015, различни закони и подзаконски акти, Болоњскиот процес во високото образование, Концепцијата за деветгодишно образование, Концепцијата за задолжително средно образование, Интегралната концепција за стручно образование и обука и националните целно-ориентирани стратешки документи за национален и локален економски развој, и намалување на сиромаштијата и невработеноста, и унапредување на културата на живеење.

Референци

Објавено

2015-06-01