70 ГОДИНИ СТУДИИ ПО ПЕДАГОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА -oбразовен темел што се надградува-

Автори

  • Сузана Миовска-Спасева Faculty of Philosophy, Institute of Pedagogy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

студии по педагогија, високо образование, образование во Македонија, историја на педагогија

Апстракт

Трудот претставува анализа на развојниот пат на студиите по педагогија во Македонија од нивното конституирање во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје непосредно по завршувањето на Втората светска војна па се до денес. Структуриран е во три тематски целини кои ги елаборираат корените, развојот и перспективите на студиите по педагогија. Најнапред се идентификуваат карактеристиките на одделните етапи од 70-годишниот развој, а потоа се прави осврт на развојните промени во однос на повеќе аспекти: името на Институтот за педагогија, организацијата на студиите, програмите, студентите и наставно-научниот кадар. На крајот од трудот се изнесуваат размислувања и дилеми кои се сметаат суштински за идниот развој на студиите по педагогија во Македонија, но и во глобални рамки.

Референци

Објавено

2016-12-01