ИСТОРИСКИ ОСВРТ НА ПОСЕБНИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ ВО Р. МАКЕДОНИЈА И Р. ТУРЦИЈА
Клучни зборови:
историски осврт, посебен образовен систем, Република Македонија, Република ТурцијаАпстракт
Организираната општествена грижа за лицата со посебни образовни потреби во Р. Македонија, изразена преку заштита, образование и рехабилитација, започнува по Втората светска војна. Пред тоа, на територијата на денешна Р. Македонија не постоело организирано образование и рехабилитација за децата со посебни образовни потреби. Во Р.Турција во Отоманскиот период се придавало големо значење на лекувањето и третманот на лицата со попреченост. Во овој труд, ги анализиравме историските податоци за посебните основно образовни системи за пет категории на попреченост; интелектуална попреченост, оштетување на видот, оштетување на слухот, телесна инвалидност и аутизам во Македонија и Турција. Целта на нашето истражување беше да направиме историски преглед на посебниот систем на образование за сите категории на попреченост, во двете земји. Оттука, главното истражувачко прашање гласи: Во која од двете земји посебните училишта имаат подолга традиција? Со цел да добиеме одговор на ова прашање, поставивме пет подпрашања поврзани со категоријата на попреченост и државата. Резултатите покажаа дека Р.Турција има подолга традиција за едукација на деца со посебни образовни потреби од три категории на попреченост: оштетен вид, оштетен слух и аутизам, додека за децата со интелектуална и телесна попреченост, во Р.Македонија третманот е порано организиран. Ова квалитативно истражување има теоретски, компаративен и дескриптивен карактер. Го употребивме методот на дескриптивна и компаративна анализа. Како техника во квалитативно истражување, избравме анализа на документација на податоци добиени од релевантни институции. Сите податоци ги анализиравме според истражувачките прашања, поставувајќи соодветни заклучоци и сугестии.