ИНТЕГРИРАНИТЕ ПРИРАЧНИЦИ ЗА ДЕЦА И ПРОГРАМАТА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ

Автори

  • Ели Маказлиева Educa Mac- Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

Програма за рано учење и развој, Стандарди за рано учење и развој, Интегрирани прирачници, Предучилишна возраст

Апстракт

Најновите програмски барања донесени со програма за Рано учење и развој ја наметнаа потребата од создавање прирачна литература за деца, која ќе даде поддршка за поуспешна имплементација на програмата во практиката. Потребата од прирачна литература за децата од предучилишна возраст е дотолку голема затоа што, таа како своевиден медиум го побудува интересот кај децата и има висока сознајна и практична функцијa.
Прирачниците за децата се значаен извор на информации и стекнување на знаења низ игра и забава и заземаат посебно место во доловување на границата меѓу вербалната и визуелната комуникација. Тие пренесуваат информации и создаваат интензивна интеракција. Прирачниците за деца во кои спаѓаат сите книги или текстуални материјали кои се наменети за децата и кои ја следат програмата, се значаен извор на знаења особено во зголемена конкуренција на електронските медиуми и интернетот.
Тие ги пренесуваат информациите на интегриран начин, сосема поинаку за разлика од компјутерот, тв и радио. Благодарејќи на нивната дидактичка посебност тие се во интензивна интеракција и влијаат на детскиот развој. Тие при работата поттикнуваат разни активности, по пат на активно мислење, говорно и ликовно изразување, лепење, цртање, а не само пасивно боење, или копирање, со што се создава задоволство кај детето и уживање во работата и игрите.
Прирачниците се и „први учебници“ за децата од предучилишна возраст. Тие обично се наменети за децата од 4-6 годишна возраст. Задачите се подредени според критериумите на сложеност и обработка на моторни вештини, перцепција, квантитативни и просторни односи, идентификување на звуци во зборови, броеви, кои развиваат самодоверба и упорност.
Прирачникот е наменет пред се за децата но истовремено е водич за воспитувачите, патоказ за реализирање на тематските содржини од страна на воспитувачот. Според својата концепција, физиономија и структура како и според содржината интегрираниот прирачник треба да биде компатибилен со Документот на стандардите за рано учење и развој. Целите, задачите и темите во интегрираниот прирачник прават единство.
Интегриран прирачник е книга во која содржината која се обработува се поврзува со сите аспекти (домени) кои влијаат на развојот и едукацијата на детето од сите области и сите предвидени воспитно-образовни теми, така што илустрациите и текстот се вмрежени во единство и поврзани со активностите на детето од областите за кои детето сознава и учи низ игра.

Референци

Објавено

2016-11-01