ХЕРОИ НА ПИЕДЕСТАЛИ И „ХЕРОИНИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ“ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“. КОНФЛИКТНИ ФОРМИ НА КОМЕМОРАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ ВО СКОПЈЕ

Автори

  • Софија Григоријаду Panteion University image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ2121156g

Клучни зборови:

Скопје 2014, јавен простор, споменици, активизам, феминизам, парк „Жена борец“, сликање, уметност, сеќавања

Апстракт

Во текот на последната декада проектот за урбана преродба Скопје 2014 наметна значителни промени во центарот на градот и значително го реконструира културното наследство. Овој проект го утврди, односно го зајакна родовиот концепт на националниот идентитет според кој од жените се бара да обезбедат размножување на нацијата и да бидат мајки на нацијата. Овој текст се фокусира на преговарањето помеѓу официјалното и неофицијалното наследство, сеќавањето и видливоста во последните десет години во Скопје. Текстот ги следи женските и ЛГБТКИА-активисти додека се здружуваат во спротивставувањето на официјалните, алтернативните или субверзивните артефакти на наследството, како и на јавните простори на кои им се припишува неинклузивно значење. За да го направи тоа, текстот ги носи читателите низ јавните простори на Скопје, почнувајќи од северниот брег на Вардар и понатаму до паркот „Жена борец“, во кој, и покрај името што го носи, во моментов има скулптури што ги слават главно машките херои. Во продолжение, текстот ги носи читателите во една посебна дневна соба украсена со портрети на современи хероини. Токму тука и со одредени дополнувања од авторитарното монументално сликарство, текстот ја препознава моќта на сликањето да воодушеви, да обележи и да прослави и во исто време ни открива дека галериското сликарство може да ги протне своите нишки во јавниот простор. Текстот на крајот се враќа во паркот во придружба на двоен портрет со цел да ги истражи практиките на уметниците и активистите во однос на социјалистичките споменици. На крајот се придружува на првата Парада на гордоста во Скопје, која ја следат погледите на мажествените скулптури во паркот.

Референци

Преземања

Објавено

2021-12-24

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ХЕРОИ НА ПИЕДЕСТАЛИ И „ХЕРОИНИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ“ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“. КОНФЛИКТНИ ФОРМИ НА КОМЕМОРАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ ВО СКОПЈЕ. (2021). ЕтноАнтропоЗум, 21(21). https://doi.org/10.37620/EAZ2121156g

Слични трудови

1-10 од 34

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)