МИГРАЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ МУСЛИМАНИ ОД СКОПСКА ТОРБЕШИЈА ВО ПЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ОД XX ВЕК

Автори

  • Борче Илиевски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ2525100i

Клучни зборови:

Скопска Торбешија, македонски муслимани, Торбеши, миграции, пописи на население, Турција

Апстракт

Во текстот, врз основа на бројни изворни архивски материјали, 
статистички податоци, како и врз основа на етнографска, антропогеографска, антрополошка и историографска литература, се анализира миграциското движење на муслиманското торбешко население од селата: Долно Количани, Држилово, Елово, 
Пагаруша, Умово и Цветово од пределот Скопска Торбешија. Се посочуваат мноштво демографски податоци преку кои се следи иселувањето кое, главно, било насочено во правец на Мала Азија, односно Турција, во периодот од Балканските војни сè до почетокот на шеесеттите години на XX век. Акцент е ставен врз миграциското 
движење во текот на педесеттите години, кога иселувањето било најмасовно. 
Преку конкретниот пример на миграциите од селото Умово се проследуваат демографските, економските и образовните последици од иселувањето.

Референци

Преземања

Објавено

2026-02-24

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

МИГРАЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ МУСЛИМАНИ ОД СКОПСКА ТОРБЕШИЈА ВО ПЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ОД XX ВЕК. (2026). ЕтноАнтропоЗум, 25(25). https://doi.org/10.37620/EAZ2525100i

Слични трудови

1-10 од 101

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)