ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ ВО ПОПУЛАРНИТЕ МЕДИУМИ: СОЦИОКУЛТУРНА ПЕРСПЕКТИВА

Автори

  • Филип Трајковски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml

Клучни зборови:

животни, претставување, социокултурни конструкти, популарни медиуми

Апстракт

Наративите за животните заземаат истакнато место во современиот медиумски пејзаж, проникнувајќи низ популарните форми на забава, вести и реклами. Овие репрезентации се кристализираа во препознатливи и широко конзумирани жанрови, што укажува на постојан културен фасцинација од животните. На прв поглед, пролиферацијата (широката распространетост) на виралните видеа со животни, емисиите за домашни миленици, документарните филмови за дивиот свет и медиумските канали фокусирани на природата, како и трендовите во филмската индустрија, го одразуваат големиот интерес на јавноста за одредени видови визуелни прикази на животните. Меѓутоа, од критичка социокултурна гледна точка, овие медиумски дискурси прават многу повеќе отколку само да забавуваат – тие функционираат како механизми преку кои се продуцираат, циркулираат и нормализираат доминантните претстави за животните. Овие социокултурни претстави често се испреплетени со пошироки системи на комодификација (претворање во стока) и служат за засилување на нормативните рамки во односите меѓу луѓето и животните. Овој труд ги истражува гореспоменатите прашања, анализирајќи ги сложените пресеци на индустриските, социјалните и етичките димензии кои ја поткрепуваат улогата на медиумите во обликувањето на современите репрезентации на животните.

Референци

Преземања

Објавено

2025-11-01

Издание

Секција

Articles