РАКОПИСНИ НЕВМАТСКИ ЗАПИСИ НА КОЗМА ПРЕЧИСТАНСКИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА XX ВЕК: КУЛТУРНОИСТОРИСКИ, АРХЕОГРАФСКИ И МУЗИКОЛОШКИ ПРОСЛЕДУВАЊА

Автори

  • Илија Велев Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml
  • Јане Коџабашија Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml

Клучни зборови:

Козма Пречистански, црковномузички ракопис, византиска традиција, Хрисантова музичка реформа

Апстракт

Македонските палеомузиколози – византолози во повеќе наврати имаат нагласено дека процесот на откривање ракописни музички записи, зборници и стари печатени книги на територијата на Македонија сè уште не е завршен. Потврда за ваквиот заклучок во однос на континуитетот на заложбите за откривање на македонското црковно-музичко наследство претставува и научното објавување на досега непознатиот невматски ракопис од почетокот на XX век на дебарскиот егзархиски митрополит Козма Пречистански, кој бил чуван во семејната архива на бигорскиот игумен – архимандрит Партениј. Ракописот бил предаден од страна на семејството Гавриловски од Кичево на проф. д-р Илија Велев, кој заедно со македонскиот палеомузиколог проф. д-р Јане Коџабашија спроведе културно-историски, археографски и музиколошки истражувања. Нивниот заеднички истражувачки влог претставува придонес кон овој научен труд. Треба да се напомене дека културно-историските и археографските проучувања се соавторски придонес на проф. Илија Велев, додека стручната музиколошка анализа, придружена со компаративни опсервации, е дело на проф. Јане Коџабашија. Секако, и во двата истражувачки аспекти беше остварена размена на стручни искуства меѓу двајцата автори.

Референци

Велев, И., 1993. „Бигорскиот ракописен препис на Уставот за управување на манастирите во Дебарската егзархиска епархија од почетокот на овој век“. Гласник на Институтот за национална историја, XXXVII(1-2), Скопје, стр. 145-152.

Коџабашија, Ј., 2004. Учебник по источно црковно пеење. Скопје.

Коџабашија, Ј., 2018. Антологија на македонското црковно пеење. Скопје.

Николовски, А., 1994. „Игумени, архимандрити, јеромонаси и монаси во манастирот свети Јован Бигорски“. Во: Зборник Манастир св. Јован Бигорски. Скопје, стр. 129-140.

Трајановски, А., 1994. „Свети Јован Бигорски – значаен македонски манастир во текот на втората половина на XIX век“. Во: Зборник Манастир св. Јован Бигорски. Скопје, стр. 227-230.

Целакоски, Н., 1994. „Културната, просветната и книжевната традиција на манастирот свети Јован Бигорски“. Во: Зборник Манастир св. Јован Бигорски. Скопје, стр. 215-226.

Преземања

Објавено

2025-11-01

Издание

Секција

Articles