ЛИТЕРАТУРНИ АРХЕТИПОВИ НА НОВАТА КОГНИТИВНА РЕВОЛУЦИЈА – ОД АНТИЧКИОТ МИТ ДО ДИГИТАЛНА УТОПИЈА

Автори

  • Тамара Ќупева Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml

Клучни зборови:

вештачка интелигенција, метафора, когнитивна револуција, мит, култура

Апстракт

Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за пионерските откритија и пронајдоци што го овозможија машинското учење со вештачки невронски мрежи, во своето предавање пред студентите на Универзитетот во Оксфорд минатата година истакна дека вештачката интелигенција одамна ја надминала својата првична развојна траекторија и навлегла во фаза што поставува сериозни научни, етички и општествени предизвици. Човештвото денес се соочува со нов, радикален еволутивен исчекор што темелно ги преобликува условите на човековото постоење. Современиот свет е исправен пред досега невидена алгоритамска парадигма која отвора бројни нерешени и суштински прашања.

Токму овие карактеристики ја поставуваат вештачката интелигенција во средиштето на вечната човечка потрага по смислата на сопственото постоење и на колективната човечка судбина. Новите технолошки достигнувања ја повикуваат во живот метафората за Прометеевиот оган украден од боговите, при што човекот истовремено ги презема улогите и на Прометеј и на творец. Во таа смисла, вештачката интелигенција прераснува во нов мит, чии концептуални основи и суштински обележја кореспондираат со функциите што митот ги имал низ целокупната човечка историја.

Истовремено, вештачката интелигенција отвора нови хоризонти за истражување на современите општествени, културни и филозофски прашања што го обликуваат односот на современиот човек кон животот и во голема мера го определуваат неговото место во светот. Преку своите дигитални кодови и алгоритамски структури, таа го рефлектира акумулираниот корпус на човечкото знаење, искуство и креативност, внимателно создаван и зачувуван низ милениумите на цивилизацискиот развој. На тој начин, вештачката интелигенција се наметнува како една од највпечатливите современи метафори на митовите преку кои човекот настојувал да го разбере, објасни и овековечи сопственото постоење.

Референци

Преземања

Објавено

2025-11-01

Издание

Секција

Articles