Семиотика на празните простори: Дијалектички прекин,интервал, пауза
Клучни зборови:
празни простори, интервал, пауза, отпор, дијалектички прекинАпстракт
Овој труд има за цел да ги истражи семиотиката на празните простори, функцијата на интервалот и паузата како дијалектички прекин и концепција заснована на отпорот кон линеарните, миметичките и илузионистички видови на репрезентација. Спецификата на прекинот како активен простор за делување ја дефинира празнината како исполнетост, конструира значење во/од паузата, динамика во празното, тишина како структурен елемент на звукот, движење во мирувањето. Како резултат на одговорот на отуѓеноста и состојбите во општествениот домен во одреден историски миг, уметничките методи и постапки се темелат на антиматеријалистички пристап во создавањето на простори за активна перцепција наместо пасивна контемплација. Втемелени на логиката на ефектот на шок и семантичко кодирање, уметничките примери содржат конотација на празните простори како места за генерирање на значењето. Анализираните уметнички примери го опфаќаат доменот на различните креативни дисциплини, меѓу кои се: сликарството, скулптурата, музиката, филмот, објектите, графиката и објект-фотографијата. Нивната дијалектичка структура се темели на примена на елементи на апстракција со длабоко содржинско значење, конвергенција низ практиките на беспредметното, чинот на кинење, деколажот, гестот на бришење, празното во празнината, тишината, дематеријализацијата, дискпрепантната монтажа, редукција на знакот и концептот на белина.Референци
Преземања
Објавено
2025-11-01
Издание
Секција
Articles