Хуморот како маска за искажување мизогинија и сексизам во „Апологија на старите љубовници“ на Бенџамин Френклин и јавните изјави на Доналд Трамп

Автори

  • Татјана Срцева-Павловска ФОН Универзитет image/svg+xml

Клучни зборови:

Бенџамин Френклин, Доналд Трамп, хумор, мизогинија, сексизам

Апстракт

Хуморот, иако честопати е бенигна и обединувачка сила, може да послужи и како средство за канализирање на длабоко вкоренети општествени предрасуди и сексизам. Овој труд ги истражува начините кога и
како мизогинијата може да се замаскира преку употребата на хумор, како во историските отсечки така и во
модерниот контекст, со фокус на двајца американски државници, Бенџамин Френклин и неговото сатирично
есеј-писмо „Апологија на старите љубовници“ (1745) и американскиот претседател Доналд Трамп, со се-
лекција од негови јавни настапи и изјави. Обајцата политичари го користат хуморот за да ги потенцираат родовите стереотипи во контекст и на начин типичен за нивните епохи на битисување. Писмото на Френклин во форма на духовит совет до еден млад човек да ги одбере постарите жени за свои љубовници, навидум
делува како тој да се залага за нив како претпочитани сексуални партнери. Сепак, базичните претпоставки
и тезите кои Франклин ги изнесува ги сведуваат жените на нивната сексуална утилитарност, притоа откри-
вајќи мизогинистичка перспектива маскирана преку сатира. Во таа насока се и некои јавни изјави на Трамп,
кои, честопати преполни со хумор и сарказам, ги прикажуваат жените во улоги кои ја намалуваат нивната
способност, вредност или интелигенција, користејќи лукавство со цел да се минимизира каква било потенцијална реакција или приговор. Преку расчленувањето на овие примери, овој труд покажува како хуморот
во одредени контексти служи како моќна реторичка алатка која обелоденува сексистички ставови, едновремено овозможувајќи им на виновните за нанесување навреда да избегнат критика и осуда под изговор дека
станува збор за шега. Трудот ги истражува психолошките и културните механизми кои ја овозможуваат оваа
динамика, покажувајќи како и Френклин и Трамп користат хумор за да ја маскираат и нормализираат мизогинијата, истакнувајќи ги пошироките импликации на таквите реторички стратегии. Истовремено, оваа анализа ја истакнува потребата за поголемо критичко преиспитување на улогата на хуморот во овековечувањето
на штетните општествени ставови, воедно поттикнувајќи на размислување за тоа дали и како современиот
дискурс може и (не)свесно да ги преслика историските предрасуди.

Референци

Преземања

Објавено

2025-11-01

Издание

Секција

Articles