„Кошмар на бинаристот“: Поетиката на вклучената средина во Песни за Џоанес на Мина Лој
Клучни зборови:
модернизам, Мина Лој, дихотомииАпстракт
Во оваа статија испитувам некои од начините на кои Мина Лој користи текстуално форматирање и семантичка игра за да создаде флуидна врска помеѓу лирското јас и нејзиниот љубовник и да ги субвертира културно значајните дихотомии, како што се свето/профано, машко/женско, човек/Бог итн., во Песни за Џо анес. Овие ефекти ја сочинуваат нејзината поетика на вклучената средина (наспроти исклучената средина – празниот простор што одделува два дихотомни, бинарни термина) и ја покажуваат способноста на Лој да ги субвертира и литературните и општествените конвенции.
Референци
Преземања
Објавено
2025-11-01
Издание
Секција
Articles